Недекларираната стока е во вкупна вредност од 365 280 денари, која е пронајдена од страна на царинските службеници и таа е одземена
Покренато е обвинение против фирма од Косово со подружница во Скопје поради обид за шверцување на 48 илјади пара недекларирани чорапи, информираат од Основното јавно обвинителство Скопје.

„На 16 јануари обвинетиот косовски државјанин се обидел да избегне царинска контрола. Во камионот со косовски регистарски таблички кој пренесувал стока за правно лице преку граничниот премин Блаце биле ставени вкупно 48 000 пара чорапи, кои не биле наведени во фактурите и во царинската декларација“,
се вели во соопштението од ОЈО Скопје.
Недекларираната стока е во вкупна вредност од 365 280 денари, која е пронајдена од страна на царинските службеници и таа е одземена.
