Партиите на поранешната владејачка тројка Рамуш Харединај, Кадри Вејсели и Фатмир Лимај до косовскиот парламент поднесоа предлог за разрешување на актуелниот министер за европски интеграции, Блерим Река.
Во наводите за причините поради кои ја поведуваат постапката за интерпелација, тие ја акцентираат изјавата на министерот Река, кој говорејќи за изнаоѓање решение за спорот со Србија, предложил на Србија да ѝ се обезбеди пристап до Јадранското Море преку транзитен коридор кој би минувал низ Косово.

За косовската опозиција ваквото однесување на Река е спротивно на уставот и на косовските закони.
Блерим Река стапи на должноста министер за европски интеграции во Кабинетот на Албин Курти на 3 март оваа година.
Пред тоа, тој беше независен кандидат за претседател на С Македонија, поддржан од Алијансата за Албанците и од Движењето Беса.