Пред неколку дена и САД воведоа санкции против двете ќерки на Путин, а Кремљ на тоа рече дека ќе одговори соодветно
Имињата на ќерките на Путин – Катерина Владимировна Тихонова и Марија Владимировна Воронцова – сега се додадени и на британската листа на санкции откако САД веќе воведоа санкции за двете ќерки на претседателот на Руската Федерација, јави Би-би-си.
Освен двете ќерки на Путин, владата на Велика Британија воведе санкции и за ќерката на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Екатерина Сергеевна Винокурова.
Според британската влада, повеќе од 275 милијарди фунти со кои располага Путин сега се замрзнати поради санкциите што ги воведоа Британија и меѓународната заедница во последните неколку недели, а кои беа реакција на воените дејствија на Русија во Украина.
Во однос на санкциите што САД пред два дена ѝ ги наметнаа на ќерките на Путин, Русија истакна дека соодветно ќе одговори.