„Можеме да кажеме дека поканата на премиерот веднаш по поканата на Движењето БЕСА е саботажа. Што се однесува до уставните измени, ние како Движење БЕСА изјавивме дека сме заинтересирани тие да се случат. Но, во ова отворање на Уставот бараме еднаш засекогаш да се реши прашањето за 20 проценти“, изјави Касами.
Движењето Беса, односно нејзиниот лидер, Билал Касами нема да присуствува на лидерската средба што ја свика премиерот, Димитар Ковачевски, а која е закажана за денеска напладне во Собранието.
„Движењето БЕСА нема да учествува на денешната лидерска средба бидејќи сметаме дека оваа средба е свикана за да се спаси ДУИ од одговорностите“,
рече Касами на прес-конференција.
Тој додаде дека движењето БЕСА е за уставни измени и дека ќе бара во овие измени еднаш засекогаш да се вклучи и реши прашањето со формулацијата – 20 проценти.
„Можеме да кажеме дека поканата на премиерот веднаш по поканата на Движењето БЕСА е саботажа. Што се однесува до уставните измени, ние како Движење БЕСА изјавивме дека сме заинтересирани тие да се случат. Но, во ова отворање на Уставот бараме еднаш засекогаш да се реши прашањето за 20 проценти“,
изјави Касами.
Имено, партијата на 1 ноември испрати покана до сите партии од албанскиот блок за заедничка средба, чиј фокус ќе биде можната замена на формулацијата „јазик кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“ во Уставот.
Генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа, тогаш изјави дека освен партиите кои официјално ќе добијат покана за присуство на средбата, на состанокот може да присуствуваат и оние партии на Албанците што имаат интерес, а до кои нема да биде испратена покана.
Средбата од Движењето Беса очекуваа да се одржи откако ќе ги добијат одговорите од сите партии, а оттаму се надеваа дека тоа ќе биде оваа недела.
Покрај Беса, дека нема да оди на лидерската средба јавно соопшти и лидерот на Левица Димитар Апасиев.
„Со нас не можат да се договорат како со вмровците. Ние сме тврд орев“,
рече Апасиев.
По неколкудневно тактизирање, потврда дека ќе дојде во Собрание на лидерската во саботата дојде од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој, во своето обраќање на отворањето на настанот „Саем на промени кои носат иднина дека ВМРО-ДПМНЕ е одговорна и државотворна партија и потврди дека ќе присустува на таква среба затоа што, како што истакна, имаат ставови и оти се подготвени да ги бранат насекаде во светот.
Во однос на уставните измени, Мицкоски потенцираше дека тоа прашање е затворена тема и го повтори веќе изнесениот став дека уставни измени нема да има под овие околности и без гаранции за нашата европска иднина заштитени од идни условувања од Бугарија.
Дека ќе присуствуваат на лидерската средба потврдија и од Алијанса за Албанците.