Бугарија се наоѓа под дипломатски притисок да ја поддржиме Северна Македонија, но ние сме суверена држава и имаме достоинство, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервју за бугарската телевизија Нова.
„Некои Македонци веруваат дека Германците и некои други европски земји ќе нè притиснат и ние безусловно ќе се согласиме да ги поддржиме. Тие не притискаат, тоа е факт. Сепак, Бугарија има свое достоинство и е суверена држава. Ние сме под дипломатски притисок“,
вели министерот за одбрана Каракачанов.
Тој посочи дека на прво место станува збор за земјата што моментално претседава со ЕУ.
„Германија е многу активна со аргументот дека ‘можете повторно да ги запрете’“,
вели Каракачанов.
Во интервјуто да авторската емисија „Вози директно“, тој се осврнува на некои историски настани, за Гоце Делчев и обвинува за присвојување на историјата и непочитување на Договорот.
„Скопје не само што не се придржува кон Договорот за добрососедство и пријателство, туку дури смета дека нема обврска да го почитува. Во С Македонија тоа мораше да се сфати уште на 9 октомври минатата година Бугарскиот парламент гласаше за рамковниот став, во кој се порачува да се промени говорот на омраза, да се сменат учебниците по историја, географија и литература, во кои гледаме кражба на бугарска историја, негирање на бугарскиот идентитет на населението во Македонија, навредливи квалификации кон Бугарите“,
рече Каракачанов.
Целото интервју на Каракачанов можете да го погледнете на следниот линк.
Каракачанов е најгласниот од редовите на бугарската Влада кој најавува дека Софија ќе ја блокира првата меѓувладина конференција на нашата земја со ЕУ, доколку не се постигне согласност за забелешките кои Бугарија ги упати во објаснувачкиот меморандум до земјите-членки на ЕУ, а во кој се посочува дека главните отворени прашања помеѓу неа и Скопје се јазикот, заедничката историја и малцинските прашања, и притоа обвинува за наводна „државна антибугарска идеологија“.
*Поврзани вести:
Борисов: Со Меркел ги поддржуваме евроинтеграциите на Западен Балкан
Захариева не мисли како Каракачанов: Бугарија нема да ја блокира Северна Македонија
Германија за меморандумот од Бугарија: Билатералните проблеми не треба да се во преговарачката рамка