Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски и неговата сопруга се хоспиталзирани на Инфективната клиника во Скопје поради ковид-19.
Од Клиниката за Алсат потврдуваат дека докторот заедно со неговата сопруга се во добра здравствена состојба и се лекуваат само со лекови, без потреба од кислородна терапија.
Од Министерството за здравство пред шест дена информираа дека Караџовски е позитивен на коронавирусот и дека тој и неговата сопруга се во изолација.
Според неговата епидемиолошка анкета, пред да го добие позитивниот тест немал контакти со други лица од поширокото семејство, ниту со колеги од Институтот за јавно здравје, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести.