Претседателот на Комисијата за заразни болести и неговата сопруга се во изолација
Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, е позитивен на коронавирусот.
Како што информира Министерството за здравство, тој се чувствува добро и останува дома во изолација. Во изолација останува и неговата сопруга.
Според епидемиолошката анкета, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, ниту со колеги од Институтот за јавно здравје, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести.