Повеќе од половина активни ковид-случаи во земјава се во Скопје, вкупно 10 017 лица. Во целата земја пак во моментов има вкупно 16 372 активни ковид-случаи.
Од денешните нови случаи на ковид-19, од 556 регистрирани дури 270 се во главниот град. Во Скопје денеска се регистрирани и најголем број на оздравени пациенти вкупно 204 од 404 низ целата земја. Од починатите 22 пациенти во последното деноноќие, 10 се од Скопје.
Во главниот град од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 37 326 случаи на ковид-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид-19 во целата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86 150, бројката на оздравени пациенти е 67 164, а на починати е 2 614.