Претседателката на БСП, Корнелија Нинова вчера побара Петков да не биде кандидат за премиер како услов да продолжат преговорите за нова влада. Ова барање на Нинова следи, по одлуката да се протераат 70 руски дипломати од Бугарија, за што Нинова смета дека е одлука на Петков, со која нејзината партија не се согласува
Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска во 17 часот по локално време ќе му го врачи мандатот на кандидатот за премиер, предложен од најголемата пратеничка група во Народното собрание – „Продолжуваме со промените“, за формирање влада во рамките на сегашниот парламент
Асен Василев, кој беше министер за финасии во владата во оставка е кандидат за премиер на Бугарија кого „Продолжуваме на промените“ ќе го предложи да раководи со евентуален нов кабинет со партиски мандат во рамките на актуелниот парламент. Ова го соопшти премиерот во оставка Кирил Петков
„Човек во кој имам несомнена доверба, со кој ја започнавме борбата рамо до рамо и со кој ќе ја завршиме рамо до рамо во еден тим. Еден тим со него, со сите членови на ‘Продолжуваме со промените’, со сите коалициски партнери и сите истомисленици. Време е да ги засукаме ракавите и да си ја завршиме работата“,
рече Петков.
„Денес се наоѓаме на историска пресвртница, постои можност да се продолжи со промената за просперитетна правна држава, каде што јавните средства се трошат за јавни потреби или постои ризик да се вратиме во задкулисните игри, странски интереси“,
рече Петков на почетокот ан неовата денешна изјава, пренесуваат бугарските медиуми.
Тој понатаму изјави дека нема да дозволат неколку работи: Бугарија да тргне во погрешен правец, грст луѓе да ги ограбуваат јавни средства, обвинителите да продолжат да бидат неактивни, странските дипломати да поставуваат ултиматум на бугарскиот држава.
„Нема да дозволиме, бидејќи не се плашиме“,
рече Петков.
Тој посочи дека имаат разлики со БСП за меѓународни прашања, но и лични разлики со некои од пратениците на ИТН, но, како што рече. ништо не може да биде поважно од просперитетот на Бугарија и промената да продолжи. Тој повика на обединување на сите, освен на оние, како што речи, што ги полнат фиоките со снопчиња, кои се во списокот „Магнитски“, кои ги контролираат своите пратеници со СМС и оние што се контролирани од странски држави.
„Ги повикувам сите наши истомисленици, сите наши коалициски партнери, независни пратеници да се обединат во заедничка коалиција за исполнување на програмата и задачите во следните шест месеци. Сега за Бугарија ништо не е поважно од ова. Затоа вчера предложив следниот премиер на Бугарија да биде Асен Василев“,
рече Кирил Петков.
Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска во 17 часот по локално време ќе му го врачи мандатот на кандидатот за премиер, предложен од најголемата пратеничка група во Народното собрание – „Продолжуваме со промените“, за формирање влада во рамките на сегашниот парламент.
Претседателката на БСП, Корнелија Нинова вчера побара Петков да не биде кандидат за премиер како услов да продолжат преговорите за нова влада. Ова барање на Нинова следи, по одлуката да се протераат 70 руски дипломати од Бугарија, за што Нинова смета дека е одлука на Петков, со која нејзината партија не се согласува.
Денеска Нинова изјави дека нивниот услов за преговарање со „Продолжуваме со промените“ е исполнет и дека тие ќе продолжат.
„Почнуваме да преговараме за политики кои овојпат се јасно напишани – со јасни одговорности и рокови – нешто што недостасуваше во првиот мандат“,
рече Нинова и потврди:
„Се враќаме на преговарачка маса“.
На денот кога ѝ беше изгласана недоверба на неговата влада, Петков изјави дека ќе се обидат да обезбедат мнозинство со независните пратеници, ако не ќе одат на избори.