Уште еден пример за нелогичностите во резултатите што осамнуваа на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) објави Канал 5. Тој се однесува на резултатите во струмичко Ново Село каде што наводно победиле ДУИ и коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива (АА/А).
Ирационалните резултати, наведува Канал 5, се однесуваат на три различни избирачки места во Ново Село. Така, на гласачкото место 1784, ДУИ освоила 46,22 %, а АА/А 25,21 %. Од друга страна, пак, коалицијата „Можеме“ има 12,61 %, а ВМРО-ДПМНЕ 8,4 %.

Вакви драстични разлики се појавиле на уште две гласачки места од кои Канал 5 објави и фотографии.