Сенаторката од Калифорнија заедно со Џо Бајден на 3 ноември ќе се спротивстават на двоецот н републиканците Трамп-Пенс
Камала Харис ја прифати номинацијата на Демократската партија за потпретседателски кандидат, со што официјално влезе во претедателската трка во САД, заедно со Џо Бајден кои ќе му се спротивстават на актуелниот претседател и неговиот заменик, републиканците Доналд Трамп и Мајк Пенс.
Во на нејзиниот говор по номинацијата таа говореше за важноста на 19. амандман на Уставот на САД што на жените и овоможи да гласаат.
Говорејќи за жените кои ја инспирирале, за како што рече, да ја продолжиме борбата, Харис зборуваше за нејзината мајка.
„Тоа е визијата на нашата нација како заедница, каде сите се добредојдени, без разлика на изгледот, потеклото или кого сакаме“,
рече Харис.
Иако поголемиот дел од нејзиниот говор откако ја прифати кандидатурата беше позитивен, Харис го прозва претседателот Трамп и теориите на заговор и расизмот во денешна САД, што често пати се поврзани со Белата куќа.
„Денес оваа нација се чувствува поделено. Неуспехот на лидерството на Доналд Трамп не чинеше животи и животни шанси“,
додаде Харис.
Ден претходно, на конвенцијата на Демократската партија, Џо Бајден ја прифати номинацијата за претседателски кандидат на Демократите на претседателски избори што ќе се одржат на 3 ноември.