Педесет и осум отсто од регистрираните гласачи кои го поддржуваат Џо Бајден на изборите во 2020 година се изјасниле дека нивниот глас на претседателските избори повеќе е против актуелниот претседател Доналд Трамп отколку за поддршка на Бајден.
Ова го покажува анкетата на Волстрит Џурнал/ Ен-би-си њуз.
Речиси три четвртини од поддржувачите на Трамп пак, велат дека нивниот глас е повеќе за поддршка на претседателот отколку против Бајден.
Изминатите месеци, кандидатот за претседател на демократите, Бајден одржува предност во просек од 8 поени во националните анкети.
Во најновата анкета на Волстрит џурнал и Ен-би-си Њуз, предност на Бајден пред Трамп е 50 спрема 41 отсто.
Триесет и девет отсто од испитаниците рекле дека имаат позитивен став за кандидатката на Бајден за потпретседател, сенаторката Камала Харис, додека 35 отсто се против.
Анкетата покажува дека Харис е попопуларна кај жените и гласачите кои не се белци.
Претседателските избори во САД се закажани заа 3 ноември, а главната битка ќе се води меѓу актуелниот претседател Трамп како кандидат на Републиканската партија и Бајден како кандидат на демократите.