Мајката која го пријавила случајот, во полиција кажала дека нејзината 12-годишна ќерка и другарка ѝ се сретнале со неколку малолетници во парк во Сарај, по што против своја волја биле заклучени во автомобил на еден од малолетниците и таму останале до следното утро
Дванаесетгодишно девојче од Скопје против својата волја цела ноќ било заклучено во автомобил на друг малолетник. Заедно со неа била и нејзина другарка. Двете останале заклучени во автомобилот до следното утро.

Случајот во полиција го пријавила мајката на 12-годишничката – А.Р. (38) од Скопје.
Според пријавата, на 12 ноември околу 18 часот девојчето се оддалечило од семејниот дом на подрачјето на Бит-пазар, а се вратило дури следниот ден во 7:40 часот наутро. Во пријавата било наведено дека малолетничката и нејзината, исто така малолетна другарка, се сретнале со неколку малолетници во парк во Сарај по што против своја волја биле заклучени во автомобил на еден од малолетниците и таму останале до следното утро.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
