„Бидејќи Мицкоски молчи со денови, еве шанса Ковачки да одговори што е разговарано и договарано на тие средби меѓу Мицкоски и Палевски“, изјави портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски, коментирајќи ја изјавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, во која тој го обвини министерот Оливер Спасовски оти излажал дека возилото со кое е киднапирана Вања не било забележано на камерите на „Сејф сити“ пред 27 ноември
Обидите за манипулација, поткопувањето на истрагата и изопачената потреба за злоупотреба на случајот со смртта на Вања се поради средбите на Христијан Мицкоски со Љупчо Палевски за кои се молчи, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

Тој ова го кажа коментирајќи ја изјавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, во која тој го обвини министерот Оливер Спасовски оти излажал дека возилото со кое е киднапирана Вања не било забележано на камерите на системот „Сејф сити“ пред 27 ноември – денот на грабнувањето и убиството на девојчето.
„Јавноста многу добро знае за радикалните ставови на Палевски кои беа алатка на ДПМНЕ и нивните сателити. Палевски беше близок соработник на ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица. Бидејќи Мицкоски со денови молчи за средбите со Палевски, еве шанса Ковачки да одговори што е разговарано и договарано на тие средби меѓу Мицкоски и Палевски“,
изјави портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ неколку дена по ред бара одговори од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дали „ситроенот“ на велешанецот Панче, со кој беше грабната малата Вања, се возел по скопските улици од 24 ноември, односно три дена пред грабнувањето и убиството на девојчето.
Пратеникот Драган Ковачки на денешната прес-конференција рече дека системот „Сејф сити“ го лоцирал возилото на 24 и 25 ноември во Маџари и на 27 ноември на локација кај хотелот „Александар палас“ кој тие денови беше под под засилено полициско обезбедување поради состанокот на ОБСЕ.