Таа потсетува дека после францускиот предлог и потпишаниот Протокол, треба „да биде јасно“ дека Договорот за добрососедство меѓу двете држави веќе не е само Договор меѓу две држави, туку дека тој е дел од европското законодавство и за тоа дали тој се исполнува или „не дај Боже, се нарушува, набљудуваме не само ние од Бугарија, туку и нашите колеги од Европската комисија, од европските институции“
На прашањето која е нејзината порака до опозицијата во земјава и нејзиниот став дека нема да даде поддршка за внесување на Бугарите во Уставот, Јотова вели дека тоа се внатрешни политички прашања во земјава која е суверена држава, со суверени институции кои сами треба да ги решат овие внатрешни проблеми
Вистинскиот старт на преговарачкиот процес на С Македонија со Европската Унија ќе биде даден тогаш кога бугарската заедница, Бугарите, ќе бидат запишани како државотворен народ во Уставот земјава, вели заменичката-претседател на Бугарија, Илијана Јотова во интервју за Алсат.
Во него таа највува поддршка за земјава на патот кон ЕУ, закој вели дека нема да биде лесен и за кој ќе бидат потребни многу работи и смелост, како и тоа оти очекува забрзување на процесот на уставните измени и почитување на човековите права.
„Додека не се исполни овој услов, во практика чекор напред не може да има. Затоа ние чекаме од нашите колеги во Република Северна Македонија забрзување на овој процес и се разбира истовремено со тоа и во работата на Историската комисија. Впрочем, моето мислење е дека веќе има добар контакт меѓу двете страни во оваа Комисија и се надеваме дека еден ден сите недоразбирања во однос на историјата ќе бидат надминати. Ние тука на Балканот имаме заедничка иднина и тоа е нашата европска иднина, а сè останато може и треба да биде решено“,
вели Јотова.
Таа потсетува дека после францускиот предлог и потпишаниот Протокол, треба „да биде јасно“ дека Договорот за добрососедство меѓу двете држави веќе не е само Договор меѓу две држави, туку дека тој е дел од европското законодавство и за тоа дали тој се исполнува или „не дај Боже, се нарушува, набљудуваме не само ние од Бугарија, туку и нашите колеги од Европската комисија, од европските институции“.
„Така што, процесот на присоединување на Република Северна Македонија, во голем дел, зависи од исполнувањето на Протоколот и на Договорот“,
додава заменичката на бугарскиот претседател.
На прашањето која е нејзината порака до опозицијата во земјава и нејзиниот став дека нема да даде поддршка за внесување на Бугарите во Уставот, Јотова вели дека тоа се внатрешни политички прашања во земјава која е суверена држава, со суверени институции кои сами треба да ги решат овие внатрешни проблеми.
„Јас не можам да давам инструкции ниту на опозицијата, ниту на власта. Како земја-членка на Европската Унија веќе петнаесет години ние изминавме многу тежок пат во нашиот преговарачки процес и сме подготвени да помогнеме на нашите колеги од Република Северна Македонија во секој еден момент кога ќе имаат тешкотии. Кога се исполнуваат условите поставени од Европа, за нас тоа е сериозен чекор на патот на присоединување, но нешто треба да е многу јасно – таму каде што ќе започнат да се нарушуваат човековите права, таму Европа завршува“,
потенцира таа.
Околу европската интеграција на земјите од Западен Балкан, меѓу кои С Македонија, бугарската заменичка –претседател вели дека долги години оваа тема не била присутна ниту во институциите на Европската Унија се до првата половина на 2018 година кога Бугарија како претседавач со Европската Унија, не ја постави како основна тема иднината на Западен Балкан.
„Повторно ќе кажам, нашето длабоко уверување е дека сите земји од Западен Балкан еден ден треба да се во европското семејство. Знаете ли колку проблеми тогаш помеѓу нас ќе отпаднат? Нема да има граници, ќе има слободно движење на луѓе кои согласно својата професија ќе можат да бираат каде да работат, конекциите ќе бидат уште потесни и тогаш од внатре, особено следните поколенија, ќе знаат дека кога живеат во мир и разбирање тоа е добро за сите. Така што, Бугарија ја постави и врати темата за Западен Балкан во европската политика, тоа е нашата желба. Истовремено, ние имаме еден услов и условот е дека ако си тргнал кон Европската Унија треба да ги исполниш сите критериуми. Така како што ги исполнувала секоја држава така треба да ги исполни и Република Северна Македонија. Јас им посакувам на моите колеги политичари, од сите политички партии во Република Северна Македонија, од сите институции многу работа и многу смелост за да се исполнат овие услови, затоа што ние ги поминавме и не е лесно, но заедно можеме да ги надминеме овие тешкотии и еден ден и вашата држава да биде, зошто не, 28. земја-членка на Европската Униј“,
вели Јотова.
Околу отворањето на бугарски културни клубови во земјава и на македонски во Бугарија, Јотова вели дека ова прашање претпочита да го коментира само на ниво на институциите на двете држави. Таа во интервјуто ги поздравува своите колеги од С Македонија што го осудија опожарувањето на културниот клуб во Битола и посегнувањата врз сите останати културни клубови.
„Што се однесува до клубот во Благоевград, вашите власти кажаа дека тоа е приватна иницијатива и за нас тоа беше доволно. Само да не се подгрева омразата и нова конфронтација меѓу двата народа и да се почитуваат сите закони и правила. Тоа што некои луѓе се решиле да отворат свој клуб, нека да си ја развиваат својата дејност и ако овој клуб служи за добрите односи меѓу двете држави, тоа може само да нè радува. Но, за жал повторно зачестија случаите на вандализирање споменици тука во Република Северна Македонија“,
вели Јотова.
Бугарската заменичка-претседател во разгворот повторно ги појасни причините за нејзината посета на земјава, во петокот и саботата неделава, посочувајќи дека била тука по повод Задушница кога православните христијани одаваат почит на починатите, но „и во сеќавање на сите загинати бугарски војници, во сите битки од долгата бугарска историја.
„Веќе неколку години Бугарија и Република Северна Македонија оддаваат почит на воените гробишта во село Цапари. 214 бугарски синови останаа засекогаш таму, за да се борат за слободата на своите браќа и својата татковина. Тоа е конкретниот повод за кој јас гостувам во Република Северна Македонија. Истовремено, правилно забележавте, ние отворивме изложба за 125 години од постоењето на конзулската служба на Бугарија во Битола. Ова е нашиот најстар конзулат, тоа е историја и оваа историја треба да се познава од поколенијата, зашто Битола била голем културен центар за време на бугарската преродба, а и тогаш кога се гради новата бугарска држава. Ние немавме во нашата програма предвидено да се сретнеме со македонски политичари. Само да потсетам за Вашите гледачи дека пред неколку дена, во посета тука, беше премиерот на Бугарија, Галаб Донев и заедно со своите македонски колеги ги отпочнаа активностите за еден многу важен проект, за нашите држави и за целиот овој дел на Европа. Станува збор за првите активности за железницата од Коридор 8. Тоа е еден значаен проект, кој го очекуваат нашите граѓани“,
посочува Јотова.