Посетата на Јовота се поклопи со 4 ноември, Денот на ослободување на Битола од фашистичкиот окупатор, за што бугарската потпретседателка вчера истакна дека не станува збор за никаква провокација
Без провокативни изјави заврши дводневната посетата на потпретседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова на Битола.
Таа денеска оддаде почит на 214 бугарски војници чии останки се погребани на гробиштата во селото Цапари. Војниците загинале во Првата светска војна.
„214 синови на мајка Бугарија останаа закопани тука пред толку години, со голем хероизам заштитувајќи ја Црвената стена. Нема поголема заповед ниту од Цар, ниту од Генерал од заповедта која ти наложува да се бориш за своите браќа и за слободата на татковината. Живееме во многу тешки времиња и овде треба да си спомене и што кажуваат жителите. Многу луѓе се погребани тука затоа што за народот Бугарите беа свои. Нема поголема вистина од овие факти, колку и страници да бидат испишани, тоа е вистината“,
рече Јотова на гробиштата во Цапари.
Вчера бугарската потпретседателка рече дека процесот за приклучување на Северна Македонија во ЕУ е почнат и оти според неа, местото на земјата е токму таму. Поводот за посетата на преспанско-пелагонискиот регион бил денешниот православен празник, Задушница.