За несреќата претходно денеска информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) од каде што посочија дека детето по нападот од кучето било префрлено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје каде што им подлегнало на повредите
Надлежен јавен обвинител направи увид на местото каде што вчера попладне осумгодишно дете беше нападнато од кучето на својот сосед, по што им подлегна на повредите. Ова денеска го соопштија од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје од каде што велат дека се преземаат мерки за испитување на целиот случај.
„Јавен обвинител изврши увид на самото место. Издадена е наредба за обдукција и се преземаат дејствија за испитување на целиот настан“,
информираа од Обвинителството.
За несреќата претходно денеска информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) од каде што посочија дека детето по нападот од кучето било префрлено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје каде што им подлегнало на повредите.
„На 11.04 Во 18:25 часот од ГОБ ‘Св. Наум Охридски’ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното, подлегнал на повредите како последица од напад од куче во сопственост на неговиот сосед Н.Г.“,
велат од МВР.
Според објави во дел од медиумите, настанот се случил во скопската населба Пинтија во Општина Кисела Вода.