Од управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопштија дека во текот на ноќта преовладувало умерено, наместа значително облачно време со локален слаб до умерен дожд и појава на грмежи, а времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи
Изминатото деноноќие најмногу дожд наврнал во Прилеп и Берово – 24 литри на квадратен метар. Во Крушево наврнале 18 литри на квадратен метар, во Штип 13, во Крива Паланка, Виница и Ѓуриште 12, во Претор осум, на Попова Шапка седум, во Скопје – Зајчев Рид и Пожаране шест, во Маврови Анови и Лазарополе два и во Тетово и Битола еден литар на квадратен метар.
Од управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопштија дека во текот на ноќта преовладувало умерено, наместа значително облачно време со локален слаб до умерен дожд и појава на грмежи.
Оттаму информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени, а УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме, а максималната температура ќе достигне 33 степени.