Како што информираат од УХМР, во петок ќе има стабилизирање на времето, а во деновите од викендот во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе дува засилен северен ветер и ќе има опаѓање на температурата
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степени, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 7.
Во делови од скопската котлина ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 19 степени, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Вчера, поради невремето кое во попладневните часови го зафати Скопје, на некои места од главниот град резултираше со паднати поголеми гранки и искорнати дрвја.
Како што информираат од УХМР, во петок ќе има стабилизирање на времето, а во деновите од викендот во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе дува засилен северен ветер и ќе има опаѓање на температурата.