Нестабилно време се најавува и за утре, додека во петок се очекува да има стабилизирање, а во текот на викендот во попладневните часови се очекува изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи
Летна бура попладнево го зафати скопскиот регион. Пороен дожд, грмежи и засилен ветер имаше во поголемиот дел од главниот град, а на некои места има паднати поголеми гранки и искорнати дрвја.
Нестабилното време за попладневните часови и кон крајот на денешниот ден претходно беа најавени од синоптичарите.
Слични се и прогнозите за утре, додека за во петок се најавува преодно стабилизирање на времето. Во деновите од претстојниот викенд, пак, во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе дува засилен северен ветер и ќе има опаѓање на температурата.