Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, според податоците од МВР, 33 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 18 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Во изминатите 24 часа, на 63 лица им се издадени решенија за изолација, а 54 лица потпишале изјави за самоизолација. При контрола кај лица во изолација и самоизолација, утврдено е дека две лица не ја почитувале мерката за самоизолација, соопшти МВР.