Излезноста до 16 часот на денешните претседателски и парламентарни избори во Бугарија е 25, 72% за претседател и 25,58 за пратеници, соопшти Централна изборна комисија. Најголем одзив има во Софија (32.74% за претседателские избори и 32.57% за парламентарните), а најмал во Крџали (19.6% и 19.0%).
За споредба, излезноста на јулските избори до 16 часот била 27, 20%.
Ова се трети парламентарни избори во Бугарија во последните седум месеци. На парламентарните избори учествуваат 20 партии и 7 коалиции, што е помалку од претходните парламентарни избори на 11 јули.
Бугарски граѓани со право на глас има 6.700.000 Бугарите во странство ќе можат да гласаат на 751 избирачко место во 68 земји во светот.
За првпат по падот на комунизмот во Бугарија на крајот на 1989 година има рекорден број кандидати за претседател и потпретседател на државата. Вкупно 24 партии, коалиции и иницијативни комитети, имаат кандидати за претседател и потпретседател на Бугарија.
За парламентарните избори сите социолошки агенции во земјата за време на предизборната кампања посочија на коалицијата на поранешниот премиер Бојко Борисов ГЕРБ-УДФ, која би освоила околу 23-24 отсто, со осум отсто разлика зад нив е коалицијата „Продолжуваме со промени“ на двајцата поранешни министри за економија и финансии во преодната влада на државата Кирил Петков и Асен Василев 15,5% – 16,5%, но социолозите прогнозираат дека имаат најголем потенцијал да добијат најмногу гласови од гласачите.
По нив следат бугарските социјалисти на Корнелија Нинова со 15%. Четврти според анкетите се „Има таков народ“ на ТВ водителот Слави Трифонов со 11,5%, петти во анкетите се Движењето за права и слободи со 9,9%, а шеста со минимална разлика е „Демократска Бугарија“ на Христо. Иванов со 9,6 отсто.
Социолозите до неодамна не беа сигурни дали коалицијата на поранешниот омбудсман на Бугарија Маја Манолова „Исправи се БГ! Доаѓаме!“ ќе успее да ја надмине бариерата од 4% за да влеземе во бугарскиот парламент.
Фаворити за претседателските избори во Бугарија се актуелниот претседател и потпретседател Румен Радев и Илијана Јотова, кои учествуваат како независни поддржани од БСП и ректорот на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ проф. Анастас Герџиков и полковникот Невјана Митева, поддржан од ГЕРБ. Според анкетите, Радев би добил 48 отсто, а Герџиков 28 отсто. На трето место се лидерот на Движењето за права и слободи Мустафа Карадаи со 10% и претседателот на Врховниот касационен суд Лозан Панов со 8%, кој во Бугарија се прослави со своите отворени критики за заткулисните случувања во судството во Бугарија и против изборот на главниот обвинител Иван Гешев. Панов е поддржан од Демократска Бугарија.
*ПОВРЗАНА ВЕСТ: Бучковски: Изборите во Бугарија се исклучително важни за С Македонија и преговорите со ЕУ