Средбата, според дипломатски извори, ќе се одржи виртуелно, а на барање на Франција, Ирска и Естонија
Советот за безбедност на ОН утре ќе одржи итен неформален состанок за Белорусија, која е обвинета за пренасочувањето на патнички авион на компанијата „Рајанер“ поради апсење на белоруски опозициски новинар во него, јавија дипломатски извори.
„Утре ќе одржиме состанок“ ,
изјавил дипломат за француските медиуми, што го потврдиле уште двајца дипломати.
Средбата ќе се одржи виртуелно, на барање на Франција, Ирска и Естонија, изјавија дипломатите.
Минск го пренасочи ирскиот патнички авион „Рајанер“ на неговата рута од Атина за Вилнус за да го уапси дисидентот кој беше меѓу патниците.
ЕУ ја осуди акцијата и вчера одлучи да го затвори европскиот воздушен простор за авионите од Белорусија и да го санкционира режимот на Александар Лукашенко.