Министерката Шекеринска предлага главната опозициска партија да се преименува во „ВМРО-подоцна“, затоа што, како што вели, постојано бара одложување на сите процеси
Северна Македонија ќе испрати воен преставник во НАТО по реветингот во одбраната. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во вечерашното гостување на Телма, посочи дека е важно реветингот да заврши, па дури потоа да се донесе одлука за испраќање воен преставник во НАТО, а откако првиот кандидат за таа позиција не доби сертификат од Алијансата.
„Навистина сакаме да направиме избор од најдобрите можни кандидати. Ние можеме да испратиме воен преставик дури и без процедура. Во принцип сакам да правиме процедура на интерни огласи, да можат да конкурираат луѓе, ама условот ќе биде да имат веќе потврден НАТО сертификат. Кога ќе ги завршиме трите приоритетни групи што НАТО веќе ги доби како листи, тогаш ќе направиме најдобар избор за да не се ставиме во ситуација воениот преставник да биде избран, а тој да не може да замине. Во принцип изборот е секогаш таков, вие можете да го изберете, но ако се уште не е издаден сертификатот тој ќе седи дома“,
рече Шекеринска.
За кандидатот Зоран Секуловски, за кој НАТО не даде зелено светло да ја преставува Северна Македонија во Алијансата, Шекеринска рече дека во моментот кога го правеле изборот тој имал НАТО – сертификат, што беше пред официјализирањето на нашето членство.
„Одреден број луѓе имат сертификат. Би било погрешно ние да го импровизираме процесот што треба да го спроведуваме заедно со НАТО, а тој процес можеме да го почнеме само тогаш кога сме веќе членка. На кандидатот Секуловски не му се ресертефицираа НАТО сертификатот. Во секоја држава се инсистира причините да останат во рамки на службите, освен ако нема нешто за што би требало да се алармират надлежните. Ние досега не сме имале таков случај. За ниту еден ние немаме сигнал дека е констатирана некаква злоупотреба, недозволени контакти, незаконска работа за кој би им бил одземен или одбиен сертификатот“,
изјави Шекеринска.
Во врска со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одложување на пописот, Шекеринска рече дека опозицијата постојано бара одложување на сите процеси.
„Ако ја анализираме опозицијата во последната година, треба да ги крстиме ВМРО – подоцна. За секоја иницијатива, нивниот став беше да, ама подгцна. И минатата година Мицкоски бараше избори, па кога тргнавме да ги распишуваме, бараа подоцна. И во Штип бараа изборите да бидат подоцна. Кога ќе речете ајде да донесеме закон кој е важен за целата државата, тие велат ајде подоцна. Ние како Влада покажавме голема флексибилност. Опозицијата само купува време за да се прават проблеми. Тоа е така бидејќи секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ гледа дека нешто добро се случува за државата, тие се чувствуваат како да губат“,
рече Шекеринска.