Рано утрово Иран призна дека нивната војска „ненамерно“ го урнала украинскиот патничкио авион во кој загинаа 176 невини лица.
Пред малку, во Техеран, пред јавноста се обрати бригадиниот генерал Амир-Али Хаџизедех, командир на воздухопловните сили на иранската исламска револуционерна гарда. Меѓудругото изјави, дека барал од армискиот врв, небото на Иран да биде затворено за комерцијални летови поради ракетните напади од неговата земја кон американски цели во Ирак. Но, не неговото барање не било прифатено.
Иран претходно ги одбиваше информациите дека тие го срушиле авионот, но бригадниот генерал јавно вели дека уште во средата ги информирал надлежните дека украинскиот патнички авион е срушен со проектил.

Падот на украинскиот авион на меѓународниот лет PS752 во средата се случи само неколку часа откако Иран изведе серија напади со балистички проектили кон две воени во Ирак, во кои се сместени американски војници.
Нападите беа одмазда за убиството на високиот ирански командир Ќасем Сујејмани, кој загина во Багдад на 3 јануари во напад од американски дрон.
Хаџизедех: Кога дознав, сакав да бидам мртов
Командирот на иранското воздухопловство Амир-Али Хаџизедах денеска излезе пред јавноста и ја презеде целосната одговорност за уривањето на украинскиот патнички авион. Тој објасни дека радарскиот операторот кој бил на смена го идентификувал патничкиот авион како крстосувачка ракета, но не бил во можност да ја контактира централата на командата на возухопловните сили за да ја потврди информацијата. Имал десет секунди да донесе одлука и одлучил да го собори објектот фатен на радарот.
Патничкиот авион бил срушен со проектил со краток дострол. Кога дознав, вели Хазиџедах, „посакав да сум мртов“.

Но, иако ја прифати целосната одговорност, бригадниот генерал даде увид и во другите случувања кои влијаеле на несреќата.
Дел од вината ја префрли на САД, велејќи дека Иран бил во состојба на висока борбена готовност поради американските предупредувања дека може да нападнат 52 цели во Иран.
Но, тој исто така ги разоткри проблемите во неговата земја поврзани со инцидентот. Прво, барал забрана за летови над небото на Иран за време и по нападот на американските цели во Ирак, односно додека не спласнат тензиите. Раководството во Армијата сепак не го послушала и не испратиле такво барање до владата и до цивилните воздухопловни власти во земјата.
Хаџизедех од Техеран изјави и дека ги информирал властите уште во средата дека патничкиот авион е срушен со проектил. Откако кажал, Генералштабот на војската веднаш направил сопствена комисија од која тој бил исклучен.
Иако иранската армија уште од стартот знаела што се случило, властите во Техеран упорно ги негираа информациите дека такво нешто се случило се до утрово.
Врховниот лидер на Иран бара мерки за трагедијата да не се повтори
Иранскиот врховен лидер, Ајатолахот Али Хаменеи, утрово побара од иранските вооружени сили итно да ги истражат „можните недостатоци“ кои довеле до уривањето на украинскиот патнички авион во средата.
„Барам од надлежните да ги преземат сите неопходни мерки за да спречат слични несреќи во иднина“,
изјави Хаменеи.
Истовремено тој изрази сочуство до семејствата на починатите во несреќата.

“Би сакал да го повторам моето најдлабоко сочуство кон семејствата на жртвите во оваа несреќа и да побарам од Бога трпение и духовна помош за нив“,
изјави Хаменеи
Кога политичките лидери на Иран биле информирани за грешката?
Според полу-официјалната државна агенција „Фарс“, иранскиот Врховен лидер и Претседателот биле информирани за вистинската причина за падот на украинскиот авион во петокот, односно вчера. Ако се земе во предвид изјавата на бригадниот генерал задолжен за воздухопловните сили Хаџизедах, тоа би значело дека војската два дена ја криела информацијата од цивилните власти.
Кога политичкиот врв сепак ја добива информацијата, доцна во петокот бил организиран итен состанок на Националниот безбедносен совет. Било одлучено, веднаш по состанокот, што побрзо да се информира јавноста.
Кои се првите реакции во светот?
Премиерот на Канада, Џастин Трудо, ја нарече несреќата во која загинаа 57 канадски државјани „национална трагедија“. Побара транспарента истрага и правда за семејствата на жртвите.
“Ќе продолжиме да работиме со нашите партнери низ светот за да се осигураме дека ќе биде спроведена целосна и темелна истрага“,
изјави Џастин Трудо, откако Иран ја призна грешката.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски го повика Иран да ги казни одговорните.
„Очекуваме Иран… да ги изведе виновниците пред суд“,
изјави Зеленски.
Претседателот на украинскиот национален авиопревозник додаде дека ниту во момент не се сомневале дека причината за несреќата е нивниот екипаж или авион.

„ Тие беа нашите најдобри момци и девојки. Најдобрите“,
изјави Евгениј Духне.
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека признанието на Иран е „важен прв чекор“ и повика на независна истрага.
Германската канцеларка Ангела Меркел својата порака ја испрати од Москва, каде имаше средба со рускиот претседател Владимир Путин.

„Добро е што знаеме кој е одговорен за несреќата и верувам дека треба да работиме заедно со сите засегнати нации со цел да најдеме решенија“,
изјави Ангела Меркел.