Никој нема да биде поштеден од законот и ќе се санкционира без селективност! Економската криза треба да ни биде показател за солидарност, а не за злоупотреба и профитерство, вели директорот Трајковски
Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) вечерва излегоа на терен да проверат дали се почитува одлуката за замрзната цена на лебот.
Директорот на ДПИ, Горан Трајковски, порача дека леб ќе има бидејќи е недозволиво ваков основен продукт да не е достапен. На производителите, пак, им порача дека никој нема да биде поштетен доколку не се почитува одлуката, како и оти економската криза не е за злоупотреба и профитерство.
„Недозволиво е основен продукт да не им биде достапен на граѓаните! Затоа апелирам да се почитува Одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот, а граѓаните нека бидат без грижа затоа што лебот, кој е опфатен со Одлуката ќе им биде достапен. И вечерва инспекторите се на терен и вршат контроли по основа на Одлуката и понатаму ќе продолжат. Никој нема да биде поштеден од законот и ќе се санкционира без селективност! Економската криза треба да ни биде показател за солидарност, а не за злоупотреба и профитерство. Пример за тоа се производителите кои денес не се придружија во стопирањето на достава на лебот опфатен со Одлуката и непречено ги снабдуваа граѓаните“,
порача вечерва Трајковски.
Владата вчера донесе одлука со која ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб, сечен на парчиња или цел, на 33 денари по леб со тежина од 450 грама и повеќе, а за леб со тежина под 450 грама се утврди максимална цена до 33 денари по леб во зависност од тежината. Меѓутоа, дел од производителите се налутија и решија да не произведуваат леб.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
Над 150 инспектори ја проверуваат цената на лебот, пекарите се одлучни дека нема да го произведуваат
Продавниците останаа без леб, граѓаните навалија во пекарниците