Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ реагира дека Христијан Мицкоски е единствениот виновник што Зоран Заев по втор пат стана премиер.
Оттаму велат дека жалат што и по исполнувањето на вториот услов за оставка – неформирање влада, Мицкоски не собрал храброст да ја понуди својата оставка.
„Одговорност и вонреден конгрес мора да има. Најпосакувано сценарио на Зоран Заев е Мицкоски да продолжи да ја води партијата во нови порази и после секој пораз да прогласува победи и да наоѓа оправдувања за пропустите-стои во реакцијата на иницијативата“,
велат од Иницијативниот одбор.
Мицкоски, пак, денеска изјави дека нема намера да поднесе оставка иницијаторите за негова смена ги нарече криминалци, одработувачи за СДСМ и Зоран Заев, мафија, мрачни сили, печалбари во политиката, хотелски коалиции, појаничарени слуги…