Индија го забрани извозот на пченица, а одлуката стапи на сила доцна синоќа, соопшти владата во Њу Делхи. Како што пишува Ројтерс, ваквата одлука на вториот по големина производител на пченица во светот е обид да ја намали цената на житото на локалниот пазар и да ја спречи опасноста од глад во земјата. Според одлуката, испораките на пченица се дозволени само во случаи кога продажбата била одобрена претходно.
Цената на пченицата е зголемена за 40% од почетокот на годината.
Минатиот месец Индија имаше извезено рекордни 1,4 милиони тони пченица. Споредбено со лани истиот период, кога извозот на пченица од Индија бил 242 илјади тони.