Министерот за здравство Венко Филипче денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека антителата не мора да бидат и доказ дека го штитат излекуваниот пациент од ковид-19, а има и многу случаи кога воопшто нема антитела.
„Во однос на антителата има многу случаи кои дури и по прележана болест, не само откриен вирус, нема детекција на антитела. Во еден дел од истражувањата кога има дури и потврдена количина на антитела, тоа не е доказ дека тие штитат. Има многу опции кои се видливи целиот овој изминат период, а за кои се уште науката нема дадено објаснување“,
изјави Филипче.