Ова е бројот на позитивни случаи потврдени со ПЦР-тестови, така што тој број сигурно ќе се зголеми кога ќе се додаде и бројот на луѓе чија инфекција е потврдена со брзи антигенски тестови
Во Хрватска во последните 24 часа се регистрирани 11 343 новозаразени лица, неофицијално дознава „Јутарњи лист“.
Ова е бројот на позитивни случаи потврдени со ПЦР-тестови, така што тој број сигурно ќе се зголеми кога ќе се додаде и бројот на луѓе чија инфекција е потврдена со брзи антигенски тестови.
Претходниот црн рекорд беше поставен вчера, кога беа регистрирани 10 427 нови случаи на заразени.
Пред една недела во Хрватска имаше 9 157 нови случаи на зараза, додека пред две недели 9 058 нови заразени во еден ден, пренесува „Јутарњи лист“.
Пред два дена Србија регистрира неславен рекорд во бројот на дневнозаразени, со над 18 илјади случаи.