Кога удри првиот гром, во 15:05 минути, јас бев внатре во црквата. Ако црквата имаше капацитет да собере 100 луѓе, одеднаш внатре имаше можеби и 500 луѓе, кои во паника бараа засолниште од громот. Снемуваше воздух, децата почнуваа да се гушат, сведочи новинарката Љубинка Клинчарска
Одбележувањето на православниот христијански празник Успение на Пресвета Богородица во истоимената црква во Берово поминува без служење на традиционалниот ручек кој се подготвува во дворот на храмот. Втора година нема масовна посетеност поради сериозната епидемиолошка слика на ковид-19 во земјава. Одлуката е донесена во консултација и со здравствените и со црковните власти. Сепак, вратите на црквата се отворени за верниците кои сакаат да се помолат за здравје и да запалат свеќа.

Денешниот ден за беровци се уште буди сеќавања на трагедијата што се случи пред точно 25 години, во 1996 година, кога громови усмртија деветмина, а повредија 52 лица. Пензионираната новинарка, Љубинка Клинчарска, која прва ја јавила веста за трагедијата за „Нова Македонија“, вели дека тој настан бил најтешкиот во нејзината новинарска кариера.
се сеќава Клинчарска.
„Дотогаш, тоа беше најмасовната посетеност за празникот, имаше околу 20 000 луѓе дојдени од цела Македонија. Немаше никаква најава за невреме и грмотевици. Кога удри првиот гром, во 15:05 минути, јас бев внатре во црквата. Ако црквата имаше капацитет да собере 100 луѓе, одеднаш внатре имаше можеби и 500 луѓе, кои во паника бараа засолниште од громот. Снемуваше воздух, децата почнуваа да се гушат“,

Но, громот во дворот на црквата не бил единствен. За кратко време удриле уште два – едниот во мостот кој води до црквата и третиот, во негова близина.
раскажува Клинчарска.
„Настана општа паника. Пискотници се слушаа од сите страни, на повредените им се даваше вештачко дишење, деца плачеа неможејќи да ги најдат родителите, луѓето бегаа да се спасат. Здравствениот дом во Берово брзо реагираше на терен, но полицијата не можеше да држи контрола“,
По извесно време, со нејзиниот колега од Делчево, Васил Маневски, тргнале кон Здравствениот дом, каде веќе биле однесени поцрнетите и безживотни тела на починатите. Целиот персонал бил ангажиран да им помогне на повредените. Некои ги лечеле тука, а оние со посериозни повреди ги префрлале во Кочани.
вели Клинчарска.
„Набрзо и политичкиот врв во земјава, тогашниот премиер Бранко Црвенковски и министерот Благој Ханџиски, се појавија во Берово. Имаа состанок во градското Собрание и со полицијата. Веќе се дозна за громот. Луѓе вртат по телефони од други градови и држави да ги чујат најблиските. Но, старата телефонска централа во Берово, се распаѓа и не функционира. Полицијата имаше телефон, но не добивме дозвола телефонски да го издиктираме новинарскиот текст во Скопје. Претходно, добивме порака од главниот и одговорен уредник на „Нова Македонија“, Ерол Ризаов – доколку не го испратиме до 21:00 часот, ќе добиеме отказ од работа. Барајќи чаре, со помош на вработен во тогашно ПТТ, успеавме да го испратиме текстот и утредента да се најде на насловната страница на весникот“,
„Плачеше цела Малешевија“
Ова е насловот на книгата која Клинчарска и Маневски ја издадоа една година по несреќата. На речиси 200 страници, со многу фактографија за настанот, слики, биографии за починатите, интервјуа со свештени лица и лица од науката, новинарите даваат слика што се случи тој кобен ден во Берово.
вели Клинчарска.
„Народниот ручек требаше да се дели на самиот ден кога е празникот. Тоа значеше делење посна храна. Но, се помести за следниот ден, за да може да се колат јагниња. Народот носи јагниња, сите носат за здравје. Веруваат дека ако заколат јагне, Господ ќе им даде здравје. Господ не бара жртви. Народниот ручек се нарекуваше курбан, кој воопшто не е православен чин. Одбележувањето се славеше со трубачи. Во голема мера, соговорниците беа на ставот дека ваквото одбележување е крајно непочитување на каноните и комерцијализација на празникот“,


