На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Празничниот продолжен викенд донесе метежи на граничните премини за влез и излез од државата. Тоа го потврдуваат и камерите на Јавното претпријатие за државни патишта, каде што се гледа зголемена фреквенција на возила. Тоа особено се забележува на граничниот премин „Богородица“ со Грција, каде што се чека и до еден час.

Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) соопштија дека поголема фреквенција на возила е забележана на граничниот премин „Табановце“ за влез во државата и на „Богородица“ за излез, каде што се чека од половина до еден час.
На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Се апелира до возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои можност од одрони.
Такво предупредување важи за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
