Објектот што ќе го користи Министерството за политички систем ќе биде пуштен во употреба денеска и се наоѓа во близина на Македонскиот народен театар
Првиот вицепремиер Артан Груби денеска објави на Фејсбук фотографија од својата нова канцеларија, во објект што досега го користела Службата за општи и заеднички работи на Владата, а кој од неодамна му е доделен во трајно користење на новото Министерството за политички систем, со кое прв раководеше Садула Дураки од ДУИ.
Објектот што ќе го користи Министерството за политички систем ќе биде пуштен во употреба денеска и се наоѓа во близина на Македонскиот народен театар, на улица „Филип 2“ број 11. На денешниот настан ќе присуствува и премиерот Зоран Заев.
Владата кон крајот на минатиот месец донесе одлука со која Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ги добива на трајно користење и без надомест деловните простории со вкупна површина од 5 302 квадратни метри. Со тоа престанува правото на користење што досега го имала Службата за општи и заеднички работи на Владата.