Синоќа, Артан Груби се обиде да го оправда договорот со „Бехтел и Енка“ и преку примерот на Србија, на што денеска доби одговор од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски. Народниот избраник од опозицијата обвини дека „Бехтел и Енка“ во Србија се избрани во сосема поинаква постапка, дека градат многу поевтино отколку во земјава и дека надзорот е професионална фирма
„ВМРО лаже, многу и бесрамно, или пак можеби едноставно не разбираат!“. Ова се зборовите со кои почнува последниот фејсбук-статус на вицепремиерот, министер за политички систем и координатор за неколку инфраструктурни проекти, Артан Груби, по денешниот став на Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Бехтел и Енка во Србија го градат автопатот:
Без тендер
Со посебен закон
Со истиот договор како и нашиот
Поскапо по километар отколку кај нас
тврди Груби.
Со многу поскап консултант отколку кај нас“,
Потоа, во својата објава, тој ја повторува тезата дека со блокадата на опозицијата автопатот ќе чини и поскапо и ќе се гради подолго.
„Почитувани граѓани:
Не дозволете да ве лажат: ништо не може да ја спречи изградбата, само ја прави поскапа и подолга.
Блокадата на ВМРО и Левица може да ги чини граѓаните над 100 милиони евра и две години подолга изградба на автопат.
напиша Груби.
Пратениците одлучуваат дали автопатите ќе се градат побрзо и поевтино или побавно и поскапо“,
Што кажа Јаревски?
Последната епизода во преписката власт – опозиција, на тема „Бехтел и Енка“, ја инспирираше токму Артан Груби. Во обид да го оправда договорот со „Бехтел и Енка“ тој синоќа употреби нов „аргумент“ во јавното препукување кое трае веќе неколку недели. Ја посочи Србија како пример, откако тамошниот претседател Александар Вучиќ вчера отвори една од делнциите кои ги градеа „Бехтел и Енка“. Груби тврдеше дека и во Србија се гради на ист начин како што треба да се гради во Македонија.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со поинаков став. Дека во Србија имало конкуретна постапка, дека изградбата по километар во Србија чини многу поевтино и дека таму има вистински надзор, а не „поранешна фирма за гаќи“.
„Ќе напише дека со истиот закон ‘Бехтел и Енка’ гради автопат во Србија. Но еве што Груби не кажува. ‘Бехтел и Енка’ во Србија се одбрани со тендер, кај нас директно, без тендер, со договор напишан во 4 очи. Автопатот со приближно иста должина во Србија вреди 750 милиони евра, во Македонија почетната вредност со истата ‘Бехтел и Енка’ вреди 1 350 милијарди евра. Километар автопат во Србија од ‘Бехтел и Енка’ вреди 7 милиони евра, во Македонија 20 милиони евра. Надзор во Србија е професионална фирма, надзор во Македонија е фирма за долна облека со 4 вработени“,
напиша Јаревски.