Во објавата се бараат одговори од надлежните општински власти од Центар и од градоначалникот Горан Герасимовски

Граѓаните што го користат општинскиот паркинг сместен меѓу Трговскиот центар „Буњаковец“ и околните деловни објекти реагираат дека има присуство на живи и угинати стаорци и глувци.
Фејсбук-групата „Во одбрана на Буњаковец“ сподели фотографии на кои се гледаат мртви глувци на општинскиот паркинг зад трговскиот центар. Фотографиите, како што се вели, се направени вчера – 17.09.2026 година.
Во објавата се бараат одговори од надлежните општински власти од Центар и од градоначалникот Горан Герасимовски.
Од Општина Центар велат дека имаат направено сè што е до нив и оти редовно се вршат дератизации, а во август имале и вонредна.
Од Општината во објава на Фејсбук велат дека вонредната отпочната била извршена по пријави од граѓани за зголемена појава на глодари.
Вонредна дератизација била извршена на повеќе критични места во Капиштец, Дебар Маало, Буњаковец и Кале.
