Грчкиот министер за надворешни работи вели дека тоа би била пријателска помош во корист на иднината на Балканот во Европската Унија
Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, вели дека неговата земја, која одржува пријателски односи и со Бугарија и Северна Македонија, ќе се обиде да биде олеснувач во решавањето на разликите.
„По Солунската агендата, Грција е цврст поддржувач на европската перспектива на Балканскиот Полуостров и секако на Западниот Балкан, а особено во конкретниот случај на Северна Македонија и Албанија. А како земја која одржува пријателски односи со Бугарија и Северна Македонија ќе се обидеме на секој можен начин да го олесниме решавањето на нивните разлики. И сигурен сум дека сите ќе го ценат тоа“,
вели Дендиас во интервју за „Јуроњуз“ пренесе МИА.
Тој смета дека во овој случај не се работи за иницијатви, туку за пријателска помош која ќе биде во корист на иднината на Балканот во Европската Унија.