Сите официјални одликувања што градот Барселона му ги доделил на поранешниот крал Хуан Карлос, сега му се одземени. Ваквата одлука на градскиот совет доаѓа по корупцискиот скандалот во кој се најде поранешниот крал, поради што тој и ја напушти државата.
За одземање на одлукувањата на Карлос гласаа сите сепаратистички партии во градскиот Совет.
Меѓу признанијата што му се одземени, е и престижниот златен медал кој се доделува на оние кои се истакнале со лични заслуги или кои направиле нешто исклучително за Барселона.
Поранешниот шпански крал Хуан Карлос (82) ја напушти земјата на почетокот на месецот и отиде во Обединетите Арапски Емирати, откако Врховниот суд започна истрага во јуни за неговата вмешаност во малверзации со договорот за брза железничка пруга со Саудиска Арабија, а швајцарскиот весник „Трибјун“ објави дека Хуан Карлос добил 100 милиони долари од покојниот саудиски крал.