Забраната за полетување, која погоди околу 1,5 милиони патници, беше укината во 20:15 часот по локално време, потврди американскиот министер за транспорт Шон Дафи. Сепак, тој предупреди дека прекините во воздушниот сообраќај ќе продолжат и во наредните денови, а враќањето во нормала ќе биде бавно
Федералната управа за авијација на САД ја укина неколкучасовната забрана на сите полетувања на американските аеродроми, која беше воведена од безбедносни причини поради прекин на телекомуникациите.
Оттаму соопштија дека авиокомпаниите можат да ги продолжат летовите, но дека одложувањата и откажувањата во воздушниот сообраќај најверојатно ќе продолжат и понатаму.

Забраната за полетување, која погоди околу 1,5 милиони патници, беше укината во 20:15 часот по локално време, потврди американскиот министер за транспорт Шон Дафи. Сепак, тој предупреди дека прекините во воздушниот сообраќај ќе продолжат и во наредните денови, а враќањето во нормала ќе биде бавно.
Повеќечасовното затворање на воздушниот сообраќај, според него, е последица на проблемите со застарената технологија за контрола на воздушниот сообраќај и преоптоварените рутери. Рече дека застарената инфраструктура е сериозен проблем, оценувајќи дека слични инциденти би можеле да се повторат доколку не се спроведат потребните мерки. Поради тоа, апелираше до Конгресот да обезбеди пари за итна модернизација на системот за контрола на воздушниот сообраќај.
Федералната управа за авијација соопшти дека темелно ги тестирала своите системи за да потврди дека се стабилни и дека операциите остануваат сигурни, пред да го одобри продолжувањето на летовите. Сепак, според Си-ен-ен, денеска се откажано околу 2 000 летови.
Вчера во САД беа откажани повеќе од 7 700 летови, а над 8 000 беа одложени.
