Празни улици низ градовите во земјава, од 22 часот почна полицискиот час кој ќе трае до 5 часот наутро се до 22 март. Низ центарот на Скопје се забележуваат и бездомни лица кои ноќта ќе ја поминат под отворено небо.
Низ улиците во главниот може да се забележи по некое полициско возило, такси-возачи, а отворени се само аптеките. Слична е ситуацијата и во Куманово и Тетово, празни улици, нема движење.
Одлуката за забрана за движење по 22 часот вчера ја донесе Владата на предлог од Комисијата за заразни болести. Со оваа рестриктивна мерка се очекува дека ќе се намали бројот на заболени и хоспитализирани лица.
Ограниченото движење нема да важи на оние граѓани кои имаат потреба од итна медицинска помош, за економските оператори чија работа е 24 часовна, за патниците кои доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, како и за транспортерите на лица и на стока.
Полициски час беше воведен и минатата година како рестриктивна мерка за спречување на ширењето на ковид-19.
Погледнете ја фото-галеријата по почнувањето на полицискиот час во Скопје, Куманово и Тетово: