И покрај апелите до граѓаните да не ги полнат домовите со залихи од прехранбени и други производи, во супермаркетите и денеска има метеж.
Редици од граѓани со полни колички со производи може да се забележат во голем дел од скопските продавници.
Најбрзо се празнат рафтовите за леб, а наголемо се купуваат и средства за лична хигиена.
Дел од супермаркетите вчера преку дописи до јавноста апелираа граѓаните да купуваат храна колку што им е потребно на неделно ниво. Потенцираа дека само на тој начин ќе се овозможи рамномерно снабдување со продукти за сите граѓани и апелираа на солидарност.