Првиот потег од реновирањето на булеварот „Никола Карев“ или популарно позната како „пластичарска“ улица е завршен, објави на својот Фејсбук профил скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Првата фаза од проширувањето го опфаќа делот од клучката кај Бит-пазар до касарна „Илинден“. Според најавите од Градот целосно е изведена непостоечка атмосферска канализација и реконструирани се подземните инсталации.
Како изгледа сега „Пластичарска“ од галеријата во продолжение: