Францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер, денеска ќе го посети парламентот и ќе се сретне со генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова.
Како што е објавено на веб-страницата на законодавниот дом, ќе биде потпишан меморандум за соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Амбасадата на Франција во Северна Македонија.