Освен во Лондон, луѓето ширум светот ѝ оддаваат почит на починатата кралица и положуваат цвеќе пред британските амбасади во своите држави. Знамињата на Европската Унија пред Европската комисија во Брисел се спуштија на половина копје
Еден ден по смртта на најдолговечниот британски монарх, кралицата Елизабета Втора, голем број граѓани ѝ оддаваат почит и оставаат цвеќе пред кралската резиденција во Лондон, Бакингемската палата.
Додека нацијата жали за нејзината смрт, портретот на покојната британска кралица Елизабета Втора е прикажан на автобуските постојки низ Лондон.
Веста за нејзината смрт е споделена и на информативната табла на метро-станица во Северен Гринич. Натписот ја поздравува кралицата што ѝ служеше на нацијата „со толку многу гордост“ во своето владеење.
Rest In Peace HM Queen Elizabeth II. You will always be missed, never forgotten and forever loved.#TheQueen #QueenElizabeth pic.twitter.com/vJXgRoztYn
— All On The Board (@allontheboard) September 8, 2022
По смртта на британската кралица Елизабета, знамињата на Европската Унија пред Европската комисија во Брисел се спуштија на половина копје.
На половина копје се спуштени и знамињата во Францијa и Норвешка.
Освен во Лондон, луѓето ширум светот ѝ оддаваат почит на починатата кралица и положуваат цвеќе пред британските амбасади во матичните држави.
‘Повеќе од монарх’, ‘пример за посветеност и лидерство’ и ‘неуморна служба за доброто на Британија’ – вака светските лидери се збогуваат со британската кралица Елизабета Втора која што почина вчера на 96-годишна возраст.