Скопје и утринава се разбуди преплавено во смет. Градоначалниците самоиницијативно започнаа со акција за чистење на своите општини, а од синоќа, со полициска асистенција, и „Комунална хигиена“ успеа да извлече неколку камиони од претпријатието за да го собираат ѓубрето, и покрај штрајкот на вработените.
Но, наталожениот смет од 7 јули до денеска тешко се собира. Во продолжение објавуваме фотографии од општините Аеродром,Чаир, Центар и Ѓорче Петров, каде што контејнерите се преплавени со ѓубре и од нив се шири непријатна миризба.
„360 степени“ утринава се обиде да стапи во контакт со директорката на претпријатието, Косана Мазнева-Николиќ, но таа не одговори на нашите повици.
За денеска е најавен состанок на градоначалниците од Скопскиот плански регион, кои ќе излезат со свој став за настанатата состојба.
Доцна синоќа, по седница на Кризниот штаб, градоначалничката Данела Арсовска кажа дека ЈП „Комунална хигиена“ е ставено во нормала и оти се надева дека од денеска ќе почне да работи со целосен капацитет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
(ВИДЕО) Арсовска го обвини Мицкоски за Комунална хигиена – таквите политичари се најголемото ѓубре
(ВИДЕО) Муцунски и Ѓорѓиевски го истурија отпадот пред капијата на Дрисла