Во Бугарија повеќе од два месеци се одржуваат протести со кои се бара оставка од премиерот Бојко Борисов и државниот обвинител Иван Гешев
Демонстрантите од иницијативата „Системот не убива“ попладнево насила се отстранети од зградата на Националното собрание во Софија, јави агенцијата БГНЕС.
На пладне во зградата влегоа мајките од движењето „Системот не убива“ и потоа одбија да ја напуштат се додека пратениците не ја изгласаат оставката на премиерот Бојко Борисов.
Десетиците полицајци, кои го обезбедуваа влезот во зградата на поранешниот Партиски дом, сега пренаменет во новото бугарско Народно собрание, беа гаѓани со домати, јајца, шишиња.
Медиумите беа сведоци како дел од нив биле извлечени од зградата и буквално исфрлени на тротоарот, додека насобраните скандирале „Мафија“ и „Оставка“.
Пред половина час од зградата излегоа дел од демонстрантите кои на медиумите им се пожалија дека биле клоцани од полицијата и дека внатре не можеле да побараат интервенција на итната медицинска помош затоа што биле прекинати врските на нивните мобилни телефони и Интернетот.
Поранешната омбудсманка на Бугарија Маја Манолова, која исто така е дел од протестите, изјави дека ова е рет пат неделва да бида исфрлени до Собранието. Рече дека денеска успеале да го спречат усвојувањето на амандманите на Изборниот законик, со кој поред неа се подготвувала кражба на гласовите и најави дека протестите ќе продолжат и утре.
Во Бугарија повеќе од два месеци се одржуваат протести со кои се бара оставка од премиерот Бојко Борисов и државниот обвинител Иван Гешев, кои некои денови се насилни при што има и повредени и приведени.
Протестите почнаа откако Гешев нареди претрес на кабинетот на претседателот и апсење на двајца соработници на Радев.
По две недели непрекинати протести, премиерот Борисов ја реконструира владата, беа сменети неколку министри, но демонстрациите остануваат на барањата за оставка од целата влада, што го побара и претседателот Румен Радев.
Како одговор на барањата, Борисов на средината на минатиот месец во вонредно обраќање до нацијата најави дека неговата парија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) ќе побара итна седница на Големото народно собрание (државен орган што ја извршува законодавната власт), на која би бил донесен нов устав и би биле распишани нови парламентарни избори.
Веднаш по нивното распишување најави дека ќе поднесе оставка од премиерското место.
Но, претседателот Радев го обвини дека само купува време.