Како што информираа денеска од Царинската управа, во рамките на истрагата биле извршен и претрес во салонот за убавина, каде биде пронајдени криумчарени непроверени дерлални филери и други медицински производи кои се користата при третмани за убавина, но и за редуцирање маснотии, кои сопственичката на салонот ги користела врз клиенти
Екипи на Секторот за контрола и истраги на Царинската управа за РС Македонија лишиле од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за криумчарење медицински препарати штетни по здравјето на луѓето.

Како што информираа денеска од Царинската управа, во рамките на истрагата биле извршен и претрес во салонот за убавина, каде биде пронајдени криумчарени непроверени дерлални филери и други медицински производи кои се користата при третмани за убавина, но и за редуцирање маснотии, кои сопственичката на салонот ги користела врз клиенти.
Криминалната шема, според деталите од Царината, била разоткриена на граничниот премин „Табановце“ на македонско-српската граница при детална контрола на комби. Во него, службениците пронашле вкупно 535 вијали за со средство за слабеење и 7 400 етикети со натпис ТИРЗ (TIRZ) 2.5 милиграми и ТИРЗ (TIRZ) 5 милиграми, сокриени во чаршави за постелнина.
Возилото, под постојан надзор на мобилен царински тим, го продолжило патот до местото каде било договорено преземањето на пратката од страна на сопственичката на салонот.

„Во моментот на исплатата, инспектори од Одделението за истраги ја лишија од слобода, а по налог на јавен обвинител извршен е птерес во салонот, каде се пронајдени и други криумчарени медицински препарати – дермални филери, препарати за разградување дермални филери, производи кои се користата за редуцирање маснотии, контурирање на лице, остранување набори и производи за подмладување“,
се наведува во соопштението на Царинската управа.
Според Царината, за пронајдените производи не била обезбедена документација за нивната безбедност, исправност и законит увоз, а сомненијата на истражните екипи велат дека осомничената сопственичка на салонот производите ги рекламирала и ги употребувала врз клиенти.
Оттаму наведуваат дека против осомничените е поднесена кривична пријава до надлежно обвининителство за сторено кривично дело криумчарење и производство и пуштање во промет штетни средства за лекување.

Кон крајот на минатиот месец Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, во посебна акција, отвори истрага против 19 лица, од кои 14 беа приведени, поради основано сомневање дека шверцувале и незаконски употребувале лекови и медицинска помагала, меѓу кои лажни ботокси и филери.
Меѓу осомничените во оваа акција која беше спроведена со Министерството за внатрешни работи, се доктори од болницата „8 Септември“ и од Клиниката за дерматологија, како и сопственици на приватни дерматолошки ординации и лица кои го органзирале нелегалниот транспорт и дистрибуција на лековите и медицинските помагала во земјава.
