Во главниот град денеска падна првиот снег оваа година, кој е и прв пообилен во последните години
Родители со деца на улиците и по парковите, домашни миленици кои му се радуваат на снегот, снешковци и фигури од снег наоколу – од утринава се главната глетка низ Скопје.

Скопјани со радост го дочекаа првиот снег за годинава, кој е и прв пообилен во последните години.
Снегот, што од синоќа вее во главниот град, создаде снежна покривка од неколку сантиметри, а УХМР најави дека таа ќе се зголемува бидејќи врнежите ќе продолжат во текот на целиот ден.
Во продолжение пренесуваме дел од снежната атмосфера во главниот град.











Според прогнозата на УХМР, времето во Скопје денеска ќе биде облачно и студено со снежни врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни. Температурите ќе се движат во интервал од минимални -1 до максимален 1 степен.