Врнежите од снег, според најавата на УХМР, ќе продолжат во текот на целиот ден
Скопје утринава се разбуди под снежна покривка.

Снегот, што по првпат годинава од синоќа вее во главниот град, создаде снежна покривка од неколку сантиметри.
Врнежите од снег, според најавата на УХМР, ќе продолжат во текот на целиот ден.
Времето ќе биде облачно и студено со снежни врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурите ќе бидат од минимални -1 до максимални 1 степен.


Во изминатите 24 часа во Скопје-Зајчев Рид наврнале 3 литри на квадратен метар снег. Висината на снежната покривка, според УХМР, во 7 часот е 2 сантиметри во Скопје-Петровец. Во текот на денот таа ќе се зголемува.
Во продолжение погледнете ја фотогалеријата што „360 степени“ ја направи од различни делови во главниот град.










