Во Атина, полицијата пред парламентот употреби солзавец и шок-бомби за да ги растера демонстрантите кои фрлаа врз нив петарди и камења, запалија корпи за ѓубре и ги предизвикаа полициските кордони да одговорат. Нема информации за апсења или повредени
Илјадници Грци синоќа протестираа на улиците во неколку градови по најсмртоносната железничка катастрофа што се случи во земјата. Грчкиот медиум „Катимерини“ пренесува дека некои демонстранти се судриле со полицијата.




Во Атина, полицијата за борба против нереди пред парламентот употреби солзавец и шок-бомби за да ги растера демонстрантите кои фрлаа врз нив петарди и камења, запалија корпи за ѓубре и ги предизвикаа полициските кордони да одговорат. Нема информации за апсења или повредени.
Судири, како што пренесуваат грчките медиуми, имало и во вториот по големина град во Грција, Солун.
Протестите, на кои повикаа левичарските и студентските групи, беа поттикнати од гневот поради наводниот недостиг на безбедносни мерки во железничката мрежа на Грција. Најголемиот протест беше во централниот грчки град Лариса, кој се наоѓа недалеку од местото на несреќата, каде што мирно маршираа неколку илјади луѓе. Слични протести се одржаа и во средата и во четвртокот.
Демонстрантите извикуваа слогани против политичарите кои ги сметаат за одговорни за лошата состојба на грчките железници. Нередите траеле околу еден час, а потоа ситуацијата е смирена.
Владата на Грција објави дека ќе биде формирана комисија од експерти за истрага на железничката несреќа, но за тоа не деби консензус на опозициските партии.
Премиерот Киријакос Мицотакис го задолжи новиот министер за транспорт Јоргос Герапетритис да ја формира комисијата веднаш по преземањето на неговите нови должности.
Во железничката несреќа загинаа најмалку 57 луѓе од кои најголемиот дел беа студенти.
Несреќата се случи кога патнички удри во товарен воз во вторникот вечерта. Во рамките на истрагата полицијата извршила претрес на железничката станица во Лариса. Портпаролот на полицијата изјави дека се одземени сите документи кои би можеле да помогнат во истрагата. Одговорниот шеф на станицата веќе е обвинет за убиство од небрежност. Доколку биде прогласен за виновен, на 59-годишникот му се заканува доживотен затвор.
Знамињата во земјата се на половина копје на третиот ден на национална жалост. Националните железнички услуги втор ден се стопирани поради штрајк, а планирани се да продолжат и за време на викендот. Штрајкот е во знак на протест за пропаднатата и дотраена железница во земјата.