„Пацифик експлорер“ пристигна во Сиднеј носејќи голем натпис „Ние сме дома“. Маса луѓе се собраа на пристанишниот мост за да го гледаат пристигнувањето на бродот, кој пред речиси еден месец го почна своето долго патување од Кипар назад кон Австралија
Брод за крстарење денеска се закотви на пристаништето во Сиднеј, првпат по повеќе од две години, откако беше укината забраната од 2020 година предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
„Пацифик експлорер“ пристигна во Сиднеј, носејќи голем натпис „Ние сме дома“. Маса луѓе се собраа на пристанишниот мост за да го гледаат пристигнувањето на бродот, кој пред речиси еден месец го почна своето долго патување од Кипар назад кон Австралија.
Резервациите за австралиското крстарење на најголемата компанија – „Ар енд O“ веќе се блиску до нивоата пред пандемијата, смета нивната претставничка Линдзи Гордон.
„Сега ги гледаме можностите за речиси нормална летна сезона на крстарење за 2022-2023 година“,
рече таа.
Пред пандемијата околу 350 брода годишно за крстарење пристигнуваа во Австралија кои превезуваа повеќе од 600 000 патници, со што според Меѓународната асоцијација за крстарење оваа австралиска индустрија ѝ носи приход од 5,2 милијарди австралиски долари (3,5 милијарди евра) на националната економија.